среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 144
home Вести

УХМР со нова прогноза: Метеоролозите соопштија какво време нѐ очекува

УХМР со нова прогноза: Метеоролозите соопштија какво време нѐ очекува

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне во некои котлини ќе има магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната 10 до 17 степени.

Во Скопје претпладне со утринска магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Од четврток до сабота ќе дува умерен до засилен ветер и ќе има локални врнежи од дожд, позастапени во западните делови.