петок, 27. мај 2022. Вести денес: 108
home Вести

УХМР со најнова прогноза: Многу студено време во следните денови

УХМР со најнова прогноза: Многу студено време во следните денови

ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови, информираат од УХМР.

Коронавирус