вторник, 23. април 2019. Вести денес: 87
home Вести

УХМР со детална временска прогноза- локални поројни врнежи од дожд и наредните денови, од сабота пресврт во времето

УХМР со детална временска прогноза- локални поројни врнежи од дожд и наредните денови, од сабота пресврт во времето

До крајот на неделава времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални поројни врнежи од дожд проследени со грмежи, особено во попладневните часови.

Во текот на утрешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено попладне.

Во среда и во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од сабота се очекува промена на временската состојба, ќе дува северен ветер и ќе предизвика пад на температурата, а се уште ќе има локални врнежи од дожд.

Изминатите 24 часа во Скопје наврнаа 13 литри дожд на метар квадратен, во Скопје-Петровец и Охрид седум, во Гевгелија шест, четири во Крушево и Куманово, три во Претор, два во Крива Паланка, и еден литар на метар квадратен во Лазарополе, Маврово, Пожаране, Струмица, Виница и Берово.

Како што информираат од УХМР денеска во попладневните часови локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи, особено во југозападните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена.