среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 148
home Вести

УХМР со актуелно предупредување- вечерва доаѓа снегот во Македонија

УХМР со актуелно предупредување- вечерва доаѓа снегот во Македонија

Времето утре ќе биде претежно облачно, во утринските часови во јужните делови со врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Времето утре ќе биде Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Времето во петок ќе биде сончево со умерена облачност и со утринска магла по котлините. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Сепак покрај најавеното сонце денеска има актуелно предупредување за снег и замрзнат дожд.

Денеска под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, услови за локална појава на замрзнат дожд, а на планините од снег.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите во текот на денот и ноќта кон среда ќе преминуваат во снег и на повисоките места каде што ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.