четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 104
home Вести

УХМР: Продолжува променливото облачно и нестабилно време – еве каква ќе биде температурата следните денови

УХМР: Продолжува променливото облачно и нестабилно време – еве каква ќе биде температурата следните денови

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за изолирана појава на град.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во следните два дена нестабилно ќе биде на повеќе места, а се очекува локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, препорачува УХМР.

Максималната температура денеска ќе биде во интервал од 23 до 31 степен, а УВ-индексот 7. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и температура до 28 степени. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УХМР соопшти дека температурата во следните денови нема значително да се менува.

ЕУРО 2020

Македонија