понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 152
home Вести

УХМР најавува локален дожд и мал пад на температурите

УХМР најавува локален дожд и мал пад на температурите

Повремен дожд во северните делови од земјата и мало опаѓање на температурите најавуваат од УХМР за утрешниот ден.

Во утринските часови во северните делови ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието, што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

Потоа во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Најнови вести

Коронавирус