сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

УХМР информира до кога ќе има невреме- Временска за цела недела

УХМР информира до кога ќе има невреме- Временска за цела недела

Во текот на вечерта ќе има зголемена облачност на западот и крајниот исток понекаде и услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Во вечерните часови ветерот ќе намалува.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер најчесто од североисточен правец. Температурите ќе се движат од минимум 13 до 22, до максимум 28 до 36 степени. УВ=9.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Температурите од 20 до 34 степен.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе донесе благо спуштање на температурите, некаде ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од понеделник следува период на стабилно и доста топло време.