вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 150
home Вести

Учителка од Велес позитивна на коронавирус

Учителка од Велес позитивна на коронавирус

Уште не почната учебната година, професорка од основно училиште во Велес позитивна на Ковид 19 испрати во изолација уште 10 нејзини колеги. Контактите им биле низ училишните ходници каде се среќавале на доаѓање и одење од работа. И додека кај нас се уште не се знае кога децата ќе се вратат во училишните клупи, во соседството на само две недели по стартот на наставата десетици ученици и наставници завршиле со позитивен тест на корона. Во други европски земји, пак, голем број образовни установи ставија клуч на врата поради ширење на вирусот. Епидемиолозите велат ризикот постои и во нашата држава, но од однесувањето на граѓаните ќе зависи и текот на училишната настава..

-Зависи од епидемиолошката состојба, ако се смири можат да одат и други деца со физичко присуство, ако не ни се смири може и да ги затвориме училиштата. Мора да се прати редовно ситуацијата а тоа ќе зависи пак од однесувањето на луѓето. Во Франција затвориле 80 училишта а имаат 60 000..Во Србија има 9 милиони народ, логички се тие бројки. Ризикот се зголемува, ама се зголемува и со кино, свадби, групирања. Ако го намалиме тој ризик ќе бидеме покомотни со враќање на децата во школо, вели др. Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје.

Голем број родители на училишни деца се исплашени од учењето со физичко присуство, правејќи споредба со позитивните случаи во градинки на само неколку дена од почетокот со работа. Денеска нема нови случаи, а 15 месечното дете кое одело во градинката 13 Ноември и има Ковид 19, не се заразило во јасли туку дома  и нема голема опасност за останатите деца, тврдат епидемиолозите.

-Тоа бил само еден час, имало уште две бебиња, тие не трчат. Не е ова случај за паника, тие што треба се изолирани, ако има потреба ќе им бидат направени и тестирања, вели Стојанов.

Градинките беа отворени пред една недела и тој период имаше позитивни случаи на двајца вработени и едно дете. Во детските установи нема прием без мерење на температура и дезинфекција а доколку се појави сомнителен случај завршува во соба за изолација.

Најнови вести

Коронавирус