сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 98
home Вести

Учесниците од маршот за чист воздух и порачаа на Владата на Заев да оди у ПМ

Учесниците од маршот за чист воздух и порачаа на Владата на Заев да оди у ПМ

Денес на улиците низ Скопје се одржа марш за чист воздух. Учесниците на маршот исшпратија неколку пораки до надлежните. Тие скандираа „Сакаме да дишиме“, и „Нема воздух, нема мир“.

А, зошто сме излезени тука, тука сме излезени затоа што секоја година како што поминува ние ја гледаме истата приказна, аерозагадувањето е константен проблем и тие на власт не го решаваат. На нив не им е гајле што луѓето мора да се грижат дали ќе го отворат прозорецот, затоа што можат да се угушат. На нив не им е гајле што родителите се грижат да ги пуштат децата да излезат надвор затоа што може да се разболат. На нив не им е гајле што мораме да носиме маски кога излегуваме надвор. Не им е гајле што живееме како да сме во Чернобил, порача еден од учесниците на маршот за чист воздух.

Тој додаде дека тоа не треба да е така и тоа не мора да е така. Се додека овие проблеми не се решат и не се воведат итни, ефективни и радикални мерки против аерозагадувањето ќе бидат излезени на улици. Се додека во дворовите на ОХИС има закопано отровни и опасни хемикалии ќе маршираат. Се додека не се исполнат барањата ќе се покажува граѓанска непослушност, ќе се блокираат улици и ќе им порачаат на оваа влада да одат у ПМ.

Ако на власта и треба помош за да ги воведе овие радикални мерки, затоа што не е компетентна, ние имаме создадено голема листа на барања кои треба да се остварат ако сакаме да живееме во чиста околина и со чист воздух, истакна еден од учесниците.

Коронавирус