недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Ученички повторно крвнички се тепаат, соучениците навиваат (ВИДЕО)

Ученички повторно крвнички се тепаат, соучениците навиваат (ВИДЕО)

Продолжува трендот на тепачки меѓу соученици и нивно снимање. Вчера се појави нова видео снимка која ја згрози јавноста, објави Канал5.

„Ајде бе истепај ја..“

Се работи за пресметка меѓу две девојчиња. Едното од нив најпрво вербално, а потоа со шамари и клоци го напаѓа другото девојче, кое е немоќно да се одбрани. Никој не реагира на вознемирувачките сцени. Напротив, целата пресметка се снима со телефон, се навива и дополнително се иницира на пожесток дуел.

Првата детска амбасада „Меѓаши“ остро го осудува инцидентот. Оттаму велат дека не е само воспитувањето во училиштата и домот, туку и технологијата која поттикнува агресија кај децата.

Пропустите во системот се неминовни. Додаваат, она што недостасува е тоа како да се пристапи до децата и да се научат да комуницираат, а не да се напаѓаат.

Јавноста се уште се сеќава на бруталната тепачка во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино. Случајот со двете девојчиња кои немилосрдно ја претепаа својата соученичка во училишниот двор, пред очите на поголема група на деца кои навиваа и снимаа со мобилни телефони, стигна и до Центарот за социјални работи и Државниот просветен инспекторат, а на ученичките им беа изречени педагошки мерки.

Коронавирус