понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 27
home Вести

Убиецот на Мартин Нешковски нема да биде екстрадиран во Македонија?!

Убиецот на Мартин Нешковски нема да биде екстрадиран во Македонија?!

Денес, 2 февруари 2021 година, со указ на надзорниот обвинител во Обвинителството на градот Софија, државјанинот на Северна Македонија И.Д. беше приведен во траење до 72 часа.

И.С. ( на 42 годишна возраст ) бил приведен од службеници на полицијата во областа Младост во главниот град Софија. Сега предстои Обвинителството да го поднесе досието за барањето за екстрадиција до Градскиот суд во Софија, соопшти прес-центарот на Апелациското обвинителство во Софија.

Вака гласи официјалното соопштение на прокуратурата во Софија. Од тое соопштение не можат да се дознаат многу работи.

Како прво никој не кажува дали тигарот Игор Спасов, за кого станува збор, има или нема бугарско државјанство.

Ако има бугарско државјанство тогаш ќе биде голема дилема дали Бугарија, во сегашната политичка ситуација, ќе одлучи да го екстрадира назад во Македонија. Во минатото имаше повеќе такви случаи кога иматели на бугарско државјанство не беа екстрадирани назад во Македонија иако имаше такво барање од македонското Министерство за правда, пишува порталот vocentar.com

Таков беше случајот со поранешниот министер за здравство, а сега главен за медицински операции во Систина, Владо Димов. Таков беше случајот и со Владимир Тамбурковски кој дури и предаваше на еден бугарски универзитет. Таков беше случајот со Јордан Камчев, кога летото 2005 година, после интервјуто во емисијата Во Центар, пребега во Софија.

Во ниту еден од тие случаи Бугарија не ги екстрадираше бараните лица. Ќе видиме дали сега ќе биде нешто сменето.

Инаку Игор Спасов беше поранешен припадник на специјалната единица Тигар. Интерпол има распишано меѓународна потерница за Спасов, по барање за екстрадиција од Република Северна Македонија за издржување на изречената казна. Спасов беше осуден на четиринаесет години затвор за убиството на Мартин Нешковски. Дејството го извршил во јуни 2011 година на плоштадот Македонија во Скопје, на прославата по победата на ВМРО ДПМНЕ на парламентарните избори на 5 јуни 2011 година.

ЕУРО 2020

Македонија