петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 136
home Вести

Убиецот на Мартин Нешковски не се вратил во затвор

Убиецот на Мартин Нешковски не се вратил во затвор

Специјалецот Игор Спасов во петокот не се појавил во затворот во Идризово иако на тој ден му измина рокот за оправдан прекин на издржување на затворската казна, дознава МКД. Мк.

Директорот на Идризово Боби Мојсовски за МКД.МК потврди дека до него не било испратено писмено известување за нов прекин и негово оправдано отсуство.

„Испратено е известување до судот во Штип дека Игор Спасов не се појавил во затвор. Од судот до сега редовно ни беше испраќано известување за прекин на издржување на затворската казна кој завршуваше на 18 октомври, во петокот“, изјави директорот Мојсовски.

Откако на 18 август годинава му истече прекинот од една година на издржување на затворската казна, Спасов повторно со поднесена медицинска документација доби нов прекин кој траеше до петокот.

Поранешниот специјалец Спасов е осуден за убиството на Мартин Нешковски.

 

Коронавирус