понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 149
home Вести

Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ на анкетите, аналитичарите предупредуваат на обидите на власта за одложување на изборите

Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ на анкетите, аналитичарите предупредуваат на обидите на власта за одложување на изборите

Резултатите од најновата спроведена анкета на барање на порталот МКД.мк покажувaат водство на ВМРО-ДПМНЕ од 40 проценти, наспроти 33,2% на СДСМ доколку утре се одржат парламентарни избори.

Дека Македонија оди во погрешна насока, судството со години добива единица во однос на довербата кон граѓаните, а криминалот и корупцијата и натаму оставуваат предизвици за соочување потврдуваат и резултатите од анкетата

Големо е и незадоволството за тоа дали Македонија оди во добра или погрешна насока. На оваа анкета дури 61 отсто од прашаните граѓани одговориле дека Македонија оди во погрешна насока (во ноември 2018 година овој процент беше 54,9 отсто). Намалени се бројките кај граѓаните кои во ноември 2018 одговориле дека Македонија оди во добра насока (32,6%), во декември годинава тој процент е 27,9 отсто.

Резултатите од анкетата Курир ги анализираше со универзитетскиот професор Александар Даштевски кој разочараноста на граѓаните од власта ја распределува во три клучни моменти.

Според него распродажбата на националните витални интереси, кои немаат цена, без никакви гаранции, второ, целосно рушење на владеење на правото и правна држава со екстремно високо ниво на корупција и криминал, најмногу во редовите на власта и уништување на економијата, со енормно задолжување на државата, кое доведе до најнизок степен на животниот стандард на Балканот и пошироко се пресудни за вакви резулати.

-Поради тоа ни во јавноста, ниту во анкетата нема дилема за тоа дека Македонија оди во погрешна насока. Свесна за незадоволството кај граѓаните ова власт почна да се служи со уцени и закани, што го покажуваат и резултатите во анкетатата на оние граѓани кои не се изјасниле. Сепак некаде околу 56 проценти се изјасниле дека ќе излезат на изборите. Исто така, сметам дека разликата помеѓу опозицијата и власта е многу повисока но во телефонска анкета стравот од реваншизам е поголем и сите не се произнесуваат реално. Што се однесува до македонските гласачи од албанското малцинство, тие се определуваат за СДС поради тоа што не се задоволни од политиките на ДУИ, но бројката која реално ќе ја испорачаат на овие избори за владејачката партија ќе биде симболична, вели Даштевски за Курир.

Според него, она што треба да го загрижува секој граѓанин е обидите на власта за одложување на изборите и продолжување на агонијата која трае подолго време, но и опасноста од фалсификување на изборите по секоја цена. Ваквата состојба, вели професорот, би можела да ја реши само ДУИ бидејќи нејзиниот рејтинг паѓа под оној на другите партии од албанскиот блок.

Анкетата е спроведена по телефонски пат од Маркет вижн на 1.200 граѓани во периодот од 12 до 20 декември.

Коронавирус