сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 106
МЕГА БОМБА

Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“

home Вести

Убава вест за пензионерите во Македонија

Убава вест за пензионерите во Македонија

Исплатата на мајските пензии почнува од среда, 27 мај. Со предвремена и етапна исплата на пензиите, што ја реализираме втор месец, овозможуваме поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

🔹 Во среда (27.05) за пензии до 11.000 денари;
🔹 Во четврток (28.05) за пензии од 11.001 до 14.000 денари;
🔹 Во петок (29.05) за пензии од 14.001 до 18.000 денари;
🔹 Во понеделник (01.06) за пензии над 18.000 денари.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата и држење растојание од најмалку два метри при чекање ред пред и внатре во банките.

 

Парламентарни избори 2020