петок, 30. септември 2022. Вести денес: 141
home Вести

Уапсен уште еден осомничен за настаните од 27 април

Уапсен уште еден осомничен за настаните од 27 април

Полицијата уапсила еден од петтемина осомничени за упадот во Собранието на 27 април минатата година кои се во бегство.  Приведен е Младен Додевски, еден од осомничените за насилствата од 27 април, дознава телевизија 24 од свои извори.

Додевски е од групата осомничени, по кои беше распишана потерница. Кривичниот суд бараше притвор за Додевски и уште четворица осомничени, меѓу кои  Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Дејан Давидовски и  Митре Питроповски.

Сите осомничени, се уште се во бегство. Освен нив, уште 28 лица за овој случај веќе се веќе во притвор.

Коронавирус