петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 148
home Вести

Уапсен сопственик на кафитерија во тетовско

Уапсен сопственик на кафитерија во тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.В.(41) од с.Доброште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’’.

На 01.06.2020 околу 22.00 часот, полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во кафетерија на регионален пат Тетово-Јажинце, при што констатирале дека пријавениот, во чија сопственост бил наведениот угостителски објект, не постапил според одлуката на Владата која се однесува на „протоколите за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти“, односно бил отворен и имал гости, со што не постапил според здравствените прописи за време на епидемија.

Пријавениот бил лишен од слобода.

Коронавирус