сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 35
home Вести

Уапсен новинар по наредба на Зоран Заев?

Уапсен новинар по наредба на Зоран Заев?

На вчерашните протести пред Собранието на Република Македонија против промена на уставното име и штетниот договор со Грција, кои беа организирани од навивачката група “Комити”, уапсен од страна на полицијата беше новинарот на Инфомакс, Борислав Стоилковиќ.

Борбата за слобода во медиумите и слободата на говор, вчера се докажа дека не е ништо повеќе од фарса, празни зборови и демагогија која „големите од надвор“ сакаа да ја слушнат, објави порталот Инфомакс по апсењето на нивниот новинар пред Собранието.

Имено, како што може да се слушне од полициските кулоари, нарачката за апсење на новинарот Стоилковиќ била издадена директно од Зоран Заев. Причината била прашањето кое го поставил новинарот Стоилковиќ на прес конференцијата на Заев, каде што тој говореше за потпишување на договорот, кое за волја на вистината многу го погодило премиерот.

-Во моментот кога Стоилковиќ постави прашање кое се однесуваше на Заев, “Дали договорот го правите како казна за македонскиот народ?” и веднаш кога сакаше да постави дополнително прашање, Заев му се обрати на новинарот со зборовите “Прочитај, прочитај”. Другото прашање наменето за Заев “Дали сте свесни дека вашето постапување го крши кривичниот закон од членовите 308, 315, 316 и 327?”, според изразот на лицето на Заев можеше да се забележи дека е видно изнервиран, па оттаму и нарачката за апсење на новинарот Стоилковиќ, пишува порталот Лидер.мк.

Во текот на денешниот ден од редакцијата на новинарот Стоилковиќ, очекуваат остра осуда и реакција од сите чувари на слободата на говорот и релевантни медиумски здруженија.

Коронавирус