среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество

Уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество

По налог на обвинителката за организиран криминал, Вилма Рускоска, утринава е уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија од Куманово, осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања, земање провизија од добиен тендер и за злоупотреба на европски ИПА фондови, информира СДК.МК.

-Функционерот е кадар на ДУИ. Во моментов, секторот за организиран криминал и корупција од МВР врши претрес во просториите на МИОА, јавуваат вработени од министерството, од ДИК и од другите министерства што се во објектот.  Според очевидци од соседството на Јахија, тој бил уапсен рано утринава и полицијата се задржала во неговиот дом, вршејќи претрес првин таму, објави порталот.

Според неофицијални информации на САКАМДАКАЖАМ.МК, се работи за мито од десетици илјади евра, што Јахија го зел во 2014-2015 година.

Неофицијално, за овој висок функционер обвинителството ќе бара притвор.

Коронавирус