Висок функционер во Министерството за внатрешни работи, советник на министерот Оливер Спасовски попладнево, околу 16 часот, е приведен под сомение за поткуп, неофицијално дознава Република од извор од МВР.
Како што дознава порталот се работи Д.С. кој извршувал исклучително високи функции во полицијата како советник и претседател на дисциплинска комисија и комисија за оружје.
Тој бил приведен во полициската станица Кисела Вода. Според неофицијалните информации делото кое му се става на товар е злоупотреба на службената положба и овластувања.
Од МВР се уште не ја потврдуваат информацијата, портпаролот Тони Ангеловски во краткиот телефонски разговор за Република рекол дека ќе провери дали функционерот е уапсен и ќе информира во најбрз можен рок.
Инаку изворот на порталот вели дека приведениот важел за човек од доверба на Спасовски, а имал функција и во техничката влада. Од МВР се уште нема ниту потврда ниту демант на оваа информација.