сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 125
home Вести

ТВ24: Вработена на клиниката за Онкологија заразена со коронавирус

ТВ24: Вработена на клиниката за Онкологија заразена со коронавирус

Вработена во клиниката за онкологија, е заразена со коронавирусот, потврдува за ТВ 24 директорот Нино Васев кој ја добил информацијата од семејството на заразената. Пациентката е хоспитализирана е во општата болница „8 септември“ и според информациите на тв 24 се наоѓа на кислородна поддршка.

Заболената, според Васев работела како тарнспортерка и пренесувала медицински материјал, а во одредени случаи и пациенти на дополнителни прегледи надвор од клиниката за онкологија.

Васев тврди дека пациентката со ковид-19 10 дена не доаѓала на работа со оглед на тоа дека на онкологија работата во групи. Но, сите останати кои биле со неа во смена ќе останат во изолација.

Се чека од епидемолозите насоки и за останатите контакти. Директорот на клиниката вели дека сите вработени имале заштитна опрема, дека клиниката редовно се дезинфицира, но и дека дополнително по потврдениот случај ќе има дезинфекција.

Васев уверува дека клиниката за онкологија е безбедна за сите пациенти. За случајот е информиран и Центарот за јавно здравје.

Целата вест на 24.мк

Најнови вести

Локални избори 2021