сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 90
home Вести

ТВ21: Наставниците со намалени плати, градоначалникот на Куманово ја обвинува Владата

ТВ21: Наставниците со намалени плати, градоначалникот на Куманово ја обвинува Владата

Наставниците во Општина Куманово ќе добијат 1000 денари помалку од платите од октомври, ноември и декември. Причината е што на општината и недостасуваат средства. Овие информации пристигнаа до ТВ21 од некои наставници од Куманово, кои не сакале да зборуваат пред камерите од страв дека ќе бидат отпуштени од работа. Прашале некои директори на училишта дали имаат некакви документи од општината во врска со оваа мерка. Повеќето од нив одбија да зборуваат.

Директорот на училиштето “Бајрам Шабани“, Мустафа Ебиби признава дека училиштето што го води добил таков документ, но вели дека не го потпишал. Според Мустафа, немало поплаки од наставници и тоа е добро, бидејќи парите ќе им бидат вратени на наставниците.

– Сè уште не сме потпишале, тие се правни работи, ние директорите ги немаме тие овластувања, туку секретарите кои се економисти и правници и ги знаат тие административни работи. Од тоа што се зборува ќе им биде надоместено по два месеци, верувам дека е разумно, тие парите ќе бидат вратени.

Наставниците ви се пожалија? Не, тие не се пожалија. Секое училиште нема иста бројка, некое има повеќе некое помалку, кај нас има 15 наставници. Разговарав со секретарот, тој рече дека нема поплаки, рече Мустафа Ебиби, директор на училиштето “Бајрам Шабани“.

Во меѓувреме, директорот на Гимназијата, Африм Алити, рече дека не слушнал за ваков документ и мерка, со кој на професорите им се одземаат по 1000 денари од платата.

– Досега не сме добиле документ од општината или од градоначалникот на Куманово. Имаме училишен совет, совет на наставници и совет на родители, ќе разговараме за нив ако има такво прашање и ќе одлучиме. Одлуките ги носиме со советите “, рече Африм Алити, директор на училиштето „Сами Фрашeри“.

И градоначалникот на Куманово ја фрла топката кон Владата. На прашањето зошто општината ќе ги намали платите на наставниците, тој се изненади и рече дека ова го слуша прв пат.

– Прв пат слушам за оваа работа, како што знаете ние само ги пренесуваме средствата што ги добиваме од МОН, како тие ќе бидат распределени на централно ниво, така ќе се спроведува на локално ниво. Општината не е таа што ги намалува средствата, туку државата е таа што ги обврзува средствата наменети за плати и придонеси да бидат префрлени на вработените, рече Максим Димитревски, градоначалник на општина Куманово.

Инаку, класните наставници добиваат дополнителни додатоци од 1100 денари за водењето на паралелката. Побаравме став од МОН, но од таму сè уште немаме одговор за да ни објаснат дали оваа мерка ќе важи за сите училишта што гравитираат во Општина Куманово и колку долго ќе трае истата.

Коронавирус