четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 46
home Вести

ТВ21: Најмалку 5 загинати, можно е бројот да расте

ТВ21: Најмалку 5 загинати, можно е бројот да расте

Автобус полн со патници се преврте на автопатот Скопје – Тетово денеска околу 16 часот.

Како што дознава ТВ21 од репортерот кој е на терен, до сега има најмалку пет жртви од превртениот автобус, додека десетици се повредени и се носат во Клиничкиот центар во Скопје.

Автобусот се обраќал на релација Скопје – Гостивар, и се преврте во близината на селото Ласкарци.

Семејствата на патниците пристигнуваат на лице место. Најголем дел од повредените се носат во болницата 8-ми септември, а оние кои се потешко се носат во Ургентен. Околу клинилкиот центар има посебен режим на сообраќај поради побрз транспорт на повредените. Повикано е засилување со лекарски екипи по болниците.

Извор: tv21.mk