недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 47
home Вести

ТВ 24: Кавги во Влада – Заев барал или да се најде Мијалков или ќе има оставки

ТВ 24: Кавги во Влада – Заев барал или да се најде Мијалков или ќе има оставки

Премиерот Зоран Заев утринава во врска со бегството на Сашо Мијалков повикал на средба двајца министри, неколку директори на агенции, први лица во обвинителствата и судовите, објавува телевизија 24.

Како што објавува телевизијата, на средбата, премиерот барал детални информации за чекорите кои институциите ги преземале пред и за време на бегството, како и за можните пропусти во постапките.

Според извори на телевизијата, на средбата имало јасни и високи тонови, додека институциите покажувале со прст една на друга. Заев бил видно лут, па дури и се заканил дека доколку не се пронајде Мијалков, ќе има итни разрешувања, а од останатите јавно ќе побара одговорност.

Средбата наводно завршила во нервозна атмосфера, во очекување на расплет во наредните 3-4 дена, колку што Заев дал рок за резултати, објави телевизијата.

Коронавирус