петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 163
home Вести

“Тужете ја државата ако добиете ковид, владата мора да има вакцини на време“

“Тужете ја државата ако добиете ковид, владата мора да има вакцини на време“

Македонија нема вакцини против Ковид-19 иако државите во регионот веќе започнаа со вакцинација на своите граѓани и обезбедуваат услови за потиснување и контрола на епидемијата што значи спас за здравјето и животите на граѓаните кои на државата и плаќаат даноци, помеѓу останатото, токму за вакви состојби.

Владата не може да се повика на немање пари за набавкна на вакцини сред епидемија кои ги имаат сите околу нас. Пари има. Доказ дека ги има е и тоа што владата од почеток на епидемијата до сега има исплатено над три милиони евра за набавка на кондоми, лубриканти, исплата на кампањи за провладините невладини организации, за печатени медиуми, јавни пари за куќи за пингвини, железни диносауруси, набавки за службени автомобили, плати за вработени во СЈО кое е одамна изгаснато заради корупција во врвот на тој државе орган… Деновиве во собрание опозицијата води војна да запре неоснована исплата на најмалку 16 милиони евра кои владата сака да ги плати на Макпетрол надвор од пазарната вердност за откуп на половина од заедничката фирма за дистрибуција на гас, Га Ма. Тоа се најмалку 550.000 вакцини!

Според објавата на британската БиБиСи, цената на една вакцина се движи од 3,5 евра на АстраЗенека до 30 евра на Модерна. За три милиони евра кои владата ги потроши само за пропаганда преку провладините невалдини организации и другите наведени нецелисходни плаќања ќе се набавеа највалку 100.000 вакцини за 50.000 граѓани. Буџетот на владата е над 3,5 милијарди евра, и пари за најмалку еден милион вакцини има.

Патем, владата годинава се задолжи близу две милијарди евра со нови кредити при што од тие огромни пари не се видоа ниту капитални инвестиции, ниту подобрување во здравствениот систем, а фирмите кои користеа јавни пари за помош во епидемијата парите ги добија како кредит кој треба да се врати. Болницата во Штип, која требаше да биде готова пред две години, се уште е во градба. Здравствениот систем колабира што е причина, и доказ, виден во фактот дека имаме најмногу починати од Ковид-19 во регионот според број на жители.

Владата има законска обврска да обезбеди услови за заштита на здравјето на своите граѓани, особено кога се работи за масовно и опасно по живот загрозување како во услови на епидемија. За парите кои граѓаните ги плаќаат од даноци владата е обврзана на време да обезбеди вакцини. Владата тоа не го направи и, во најмала рака, со несовесно работење на одговорните виновник е за илјадници заболени и стотици починати кои во иднина ќе се случат заради немањето вакцини кога сите околу нас ги имаат.

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски објави Фејсбук статус со повик граѓаните кои во блиска иднина ќе добијат Ковид-19, или блиските на починатите од него, да ја тужат државата за несовесно работење кое придонело до заболување или смртен случај поради ненавремена набавка на вакцини против Ковид-19.

Тужби за загрозување на животот и здравјето!

Од пред два дена во Србија, Грција, Словенија, Турција и други земји во регионот започна вакцинирањето против Ковид19, како здравствена мерка.

Во Македонија државата нема набавено ни вакцина, ниту има стигнато милостина од државите кои навремено си обезбедиле вакцини од производителите. Со тоа од страна на државата сериозно е повредено граѓанското право на живот, со ненавремена и неефикасна здравствена заштита.

Затоа од вчера па натаму, секој граѓанин или семејство, кој/кои ќе претрпат посериозни штетни здравствени последици од Ковид19, или истото резултира со трагичен исход по животот на граѓанинот, има законско право да ја тужи државата за тоа и тој/таа или блиското семејство да бара обесштетување.

Основа за заштита на ова право на граѓанинот, како и основа за тужба пред македонските судови или пред Судот во Стразбург се членот 39 од Уставот, член 2 од Конвенцијата за заштита на човековите права, како и обврските на државата утврдени во Законот за здравствена заштита.

Извор: Вечер

Коронавирус