недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Тутунарите незадоволни од откупот по мизерни цени, молк од надлежните

Тутунарите незадоволни од откупот по мизерни цени, молк од надлежните

И покрај тоа што од лани тутунарите бараа од Владата да се донесе закон со кој ќе се забранува увозот на тутун се додека не се продаде домашниот за да не влијае на цената од Владата не е превземен никаков чекор во оваа насока.

Тутуноптроизводителите и оваа година се крајно незадоволни од откупот на тутунот,бидејќи како што велат некои од нив, им се случува класична кражба во ценењето на истиот. Цените се мизерни а тутунот се цени со две до три класи подолу. Тутунопроизводителите се жалат дека со ваквиот начин на ценење и со цените кои што ги добиваат во ова кризно време нема да можат да ги покријат ниту основните трошоци.

Револтирани и незадоволни од откупот вчера организираа протести и тутунарите од село Калуѓерица во радовишко. Тие велат дека доколку се продолжи да се цени на овој начин во просек ќе им дојде по 150 денари од килограм со што не се исплаќаат маките со кои го произведуваат тутунот.

Тутунарите од Калуѓерица се заканија дека ако не се превземе нешто во оваа насока тие ќе продолжат со секојдневни протести.

„Ако од здруженијата не се превземе некоја мерка, народот ќе оди на поголем штрајк. Ако тие не обрнат внимание, ние самите ќе си го тераме чарето. Мора да го тераме бидејќи со 150 денари не се живее и тоа мора да го знаат сите“вели тутунопроизводителка и додава:

„Ако треба леб и сол ќе јадеме и ќе ја поминеме зимата, но тутунот не го даваме, ова е срамота, една кутија цигари е 100 денари“.

Коронавирус