вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 66
Во живо

ВО ЖИВО: Две прес – конференции на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Туск во Скопје на 27 април

Туск во Скопје на 27 април

Кабинетот на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, потврди дека тој ќе учествува на самитот Брдо-Бриони на 27 април во Скопје. Туск ќе биде специјален гостин на самитот чиј домаќин е претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск заминува на балканска турнеја помеѓу 24 и 27 април, за време на која тој ќе ги посети Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, а ќе заврши во Скопје на самитот Брдо-Бриони на 27 април.

Целта на процесот Брдо-Бриони е да ги собере лидерите на Западниот Балкан како и оние на Словенија и Хрватска за, како што се вели во соопштението, да се зацврсти политичкиот дијалог и да се зголеми нивото на доверба за решавање на билатералните и регионалните спорови. Туск ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев.

Целта на оваа турнеја е и да се подготви претстојниот самит за Западниот Балкан во Софија на 17 мај.

– Европската унија продолжува да биде најсигурниот партнер за целиот регион. Како најголем инвеститор, најголем донатор, најголем трговски пазар и најдобро ветување за подобра иднина на граѓаните. Нашиот самит треба да ја потврди европската перспектива за регионот. И, уште поважно, треба да ги подобри на конкретен начин конекциите во и со регионот, изјави Доналд Туск пред Европарламентот на 18 април, пишува во соопштението на Европскиот совет.

Коронавирус