четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 168
home Вести

Туск телефонски ќе разговора со Ципрас за спорот за името

Туск телефонски ќе разговора со Ципрас за спорот за името

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, попладне телефонски ќе разговара со грчкиот премиер Алексис Ципрас околу подготовката на Самитот во Софија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Туск и Ципрас ќе разговараат за спорот со името и напредокот во преговорите, информираат високи дипломатски извори во Брисел.

– ЕУ не очекува спорот да се реши неделава, но би сакала Македонија и Грција да дојдат до компромис на почетокот на јуни, за да можат лидерите на ЕУ да ја одобрат препораката на Европската Комисија за почеток на преговори дадена во април, изјави висок дипломатски извор во Европскиот Совет.

Коронавирус