вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Турската амбасадорка Кара: Училиштето „Јахја Кемал“ е терористичка организација

Турската амбасадорка Кара: Училиштето „Јахја Кемал“ е терористичка организација

Со зборовите „Ајде да се бориме против оваа терористичка организација“ наменети за приватната гимназија „Јахја Кемал“, турската амбасадорка  во Македонија, Тулин Еркал Кара, вчера во Скопје ја промовираше Фондацијата „Мариф“, пишува „ПорталБ”.

На промоцијата таа апелирала до родителите децата да ги запишат во Фондацијата „Мариф“, „доколку во иднина не сакаат да бидат терористи“.

„Апелирам до сите вас и до јавноста, дојдете, сите заедно, нашите деца да ги регистрираме во училиштата на Фондацијата ‘Мариф’. Доколку ние како родители не сакаме нашите деца во иднина да бидат терористи, треба да ги насочиме во училиштата на ‘Мариф’, бидејќи ‘Јахја Кемал’ не не претставува нас. Дојдете да се бориме против оваа терористичка оргнизација, на суштински начин, и тоа да не остане само на декларативно ниво“, рече Кара.

„Порталб.мк“, како што објави побарал реакција од Турската амбасада во Македонија за оваа изјава на амбасадорката Кара, но не доби одговори на прашањето: „Дали Амбасадата е со ист став како и амбасадорката Кара и дали тоа значи дека децата кои учат во колеџот ‘Јахја Кемал’ се терористи?”.

Коментар не добиле ниту од Министерството за образование и наука од каде што одговориле дека „Мариф“ не е училиште и не работи според законските одредби, а „Јахја Кемал“ и сите други училишта, ако работат согласно законот, ќе работат непречено.

Коронавирус