среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 171
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Турнир во мал фудбал во Кавадарци во чест на 7-ми Мај – Денот на македонската полиција

Турнир во мал фудбал во Кавадарци во чест на 7-ми Мај – Денот на македонската полиција

Во чест на овогодинешното одбележување на 7-ми мај – Денот на македонската полиција, ОВР Кавадарци спроведе превентивна активност под мотото „Полицијата и учениците се дружат“. Денеска (04.05.2022) од 10.00-12.00 часот на спортското игралиште во гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци се одржа турнир во мал фудбал со екипи од трите средни училишта и една екипа од младите полициски службеници при Полициската станица Кавадарци, а на која беа доделени дипломи и пехари на најдобрите.

Бидејќи Кавадарци може да се пофали со спорт и спортски клубови, а ОВР Кавадарци е во постојана соработка со Сојузот на спортови на Кавадарци, како и со Сојуз на училишни спортови во Кавадарци и локалната самоуправа, преку денешниов турнир во мал фудбал под мотото „Полицијата и учениците се дружат“, ОВР Кавадарци имаат за цел да ја потврдат уште еднаш таквата соработка помеѓу сите овие субјекти со што ќе се подобри и комуникацијата и соработката со полицијата со цел превенирање на насилство помеѓу учениците во училиштата на какви било јавни собири и на спортски натпревари.

Коронавирус