среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 180
home Вести

Турнеја во САД: Симон Трпчески најавен како Македонец од Македонија

Турнеја во САД: Симон Трпчески најавен како Македонец од Македонија

Симон Трпчески настапи со Њу Џерси Симфони и прославената диригентка Шиан Жанг. Во материјалот дистрибуиран за концертите на пијанистот со Симфонискиот оркестар на Њу Џерси секаде стои Македонија, Македонец, Македонско…

Првите три концерти во новата година го доведоа нашиот прославен пијанист од светски глас Симон Трпчески во Соединетите Американски Држави. Токму на првиот настап на оваа позиција Жанг диригираше со Трпчески како солист, а зад нив е и одличната серија концерти на овој тандем во родната земја на диригентката, Кина.

„Навистина имаме одлична соработка и ова беше вистинско продолжување на тоа убаво искуство. Публиката повторно не’ награди со овации за изведбите на Концертот број 2 од Лист“ – вели Трпчески за Македонското радио.

„Со нова сила и нови надежи во новата декада, многу ѝ се радувам на серијата рецитали што ќе ги отсвирам во Европа: во Словенија, Ирска во Даблин, во „Барбикан Центарот“ во Лондон, потоа во Сан Хуан во Пуерто Рико, па во Хјустон, а тука се настапите со оркестри во Шпанија, во Загреб, Цирих, повторно низ Велика Британија,… Особено задоволство ми претставуваат премиерните азиски концерти на проектот „Македонисимо“ со 3 изведби во рамките на Фестивалот во Пјонг Џанг во Јужна Кореја, како нова шанса да се претстави македонската музика на далечниот континент, низ тоа што од длабоките музички корени на македонската култура го изнедривме заедно со композиторот Панде Шахов. Верувам дека оваа ќе биде уште една исклучителна година за овој проект. Едноставно, со нови сили – напред“-завршува Трпчески.

Коронавирус