вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 170
home Вести

Турканици пред пунктови, со часови се чека за вакцинација, системот на Филипче паѓа

Турканици пред пунктови, со часови се чека за вакцинација, системот на Филипче паѓа

Турканици, чекање со часови за вакцина против КОВИД-19 стана секојдневна слика по сите пунктови во државата. Но, турканиците се создаваат поради тоа што секој ден системот паѓа, и граѓаните се приморани со часови да чекаат.

Очигледно системот за вакцинација против КОВИД-19 е далеку од совршен како што го претставуваше министерот за здравство Венко Филипче.

„Тука сум од 13 часот, терминот ми е во 13:10, со ова темпо како што оди тешко дека ќе влезам во сала до 17 часот, системот им паѓа на секои пет минути, срамота“, вели револтиран граѓанин од пред салата „Борис Трајковски“.

„Зошто ни пишуваат термин за вакцина, кога самите вработени од тука не почитуваат, веќе чекам два ипол часа, терминот ми помина, а редот никако да се намали. Ние вака повеќе ќе се разболиме отколку што ќе се заштитиме“, вели граѓанка од пред Поликлиниката во Чаир.

За овој проблем од министерството за здравство и самиот министер за здравство Венко Филипче молат, и не даваат одговор зошто системот се позачестено паѓа и граѓаните се приморани за вакцинација да чекаат со часови пред вакциналните пунктови.

Министерот за здравство Венко Филипче пред некој ден во изјава за медиуми оцени дека вакцинацијата се одвива добро и до 19.05.2021 се вакцинирале околу 200 илјади граѓани се вакцинирани, а од нив 30 илјади се ревакцинирани.

Филипче смета дека одѕивот за вакцинирање треба да биде поголем. Апелира до граѓаните да се пријавуваат на сајтот „вакцинација.мк“ за кој вели дека функционира беспрекорно и нема никакви проблеми при закажувањето.

Коронавирус