четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Туристичките работници утре на протест пред Владата

Туристичките работници утре на протест пред Владата

Со мирен протест пред Владата утре туристичките работници ќе се обидат уште еднаш да укажат дека без поддршка од државата не можат да ја надминат ситуацијата во која се најдоа поради корона вирусот.

Како што соопштија, за протестот се пријавени повеќе од 700 учесници кои ќе бидат следени од автобуси. Протестот ќе почне симболично пред Дрво Декор, местото од каде најчесто тргнуваа туристичките тури, а ќе продолжи кон буеварот „Кочо Рацин”, улиците „11 Октомври”, „Димитрие Чуповски” и „Васил Главинов”, булеварите „ВМРО” и „Илинден”, до Владата.

Протест, нагласуваат, нема никаква политичка позадина, а со оглед дека се одржува во време на пандемија, преземени ќе бидат сите заштитни мерки, носење маски и дистанцирање.

– Сведоци сте на нашата борба во изминатите пет месеци за опстојување на нашиот сектор, поради кризата со КОВИД-19, како и барањата кои во повеќе наврати ги упативме кон сите надлежни институции, Министерство за економија, Министерство за финансии, со цел помош на туристичките агенции, водичи, пратители и превозници, но досега останаа неми за нашите апели и ниту еднаш не добивме никаква надеж дека воопшто ќе бидат разгледани. Од таа причина, одлучивме масовно да ја изразиме големината на нашиот проблем, преку мирен протест, кој ќе се одржи во среда (29.07.2020) со почеток во 16 часот, информираат организаторите.

Планирано е повторно обраќање на дел од учесниците, со цел повторно да се напомене дека цели пет месеци се без никакви примања, без никаква можност за одржување на секторите (туризам и превозници), како и дека доколку државата не помогне, ќе бидеме приморани во наредните денови да стават клуч.

-Само заеднички ќе успееме да се избориме за опстанок на повеќе од 5.000 вработени и повеќе од 300 агенции во целата држава, дополнуваат организаторите на протестот.

Туристичките работиници во два наврата реагираа и укажуваа на големината на проблемот со кој се соочуваат. Освен што побараа поддршка од државата, предложија и конкретни мерки за надминување или барем ублажување на ситуацијата.

Најнови вести

Коронавирус