четврток, 23. март 2023. Вести денес: 144
home Вести

Туристичките агенции со примамливи понуди за Нова година – Бугарија најпосакувана дестинација

Туристичките агенции со примамливи понуди за Нова година – Бугарија најпосакувана дестинација

Бугарија годинава доминира пред европските метрополи за пречекот на Нова година. Од европските дестинации годинава најатрактивни се Истанбул, Виена, Прага и Милано.

Аранжманите за соседна Бугарија се движат од 100 до 150 евра за три ноќевања, додека за Грција во зависност од тоа дали се работи за две или за три ноќевања цените се од 75 до 125 евра.

За разлика од овие две соседни држави, оние граѓани кои ќе решат да ги поминат новогодишните празници во некоја од европските метрополи ќе треба да одвојат од 150 до над 350 евра во зависност од дестинацијата, бројот на ноќевањата и што се е вклучено во аранжманот. Најевтини се аранжманите за Истанбул и Букурешт, по што следуваат оние за Виена, Прага и Милано. Најскапи се оние за Малта и Дубаи кои достигнуваат цена и до 600 евра.

Од туристичките агенции велат дека интересот за европските дестинации е значително намален од изминатите години за сметка на Бугарија и Грција поради пониската цена на аранжманите што се нуди за овие две држави.

loading...

Најнови вести