четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 178
home Вести

Туристичките агенции бараат државата на време да се погрижи за слободно движење за граѓаните

Туристичките агенции бараат државата на време да се погрижи за слободно движење за граѓаните

Дипломатијата посилно да се ангажира во пресрет на новата туристичка сезона. Минатата година беше целосно изгубена за туристичките агенции, за тоа да не се повтори и годинава важно им е да знаат дали и како ќе се патува оваа година. Од тоа ќе зависи и понудата со која ќе излезат на пазарот. Во моментов сите околни земји имаат различна политика кон туристите од земјава и токму тоа е најголем проблем во пресрет на летото..

Во ова време од година обично агенциите ги продаваат и првите аранжмани. Годинава интерес нема. Се јавуваат само клиентите кои лани имаат уплати кои не ги реализираа и добија вачуер за оваа година.

Според проценките на агенциите, обемот на работа во овој период е на ниво под 2% споредено со периодите кога состојбата беше нормална.

Најнови вести

Коронавирус