петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Турција на Македонија ќе и донира 30.000 вакцини Синовак

Турција на Македонија ќе и донира 30.000 вакцини Синовак

Турција ќе и донира 30 илјади вакцини Синовак на Република Македонија.

Министерот за здравство Венко Филипче за ова информираше со статус на неговиот Фејсбук профил. Тој вчера заедно со премиерот Зоран Заев беше во еднодневната работна посета на Турција.

-Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган ни соопшти дека ни донираат 30.000 вакцини од производителот Синовак. Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган, објави Филипче на Фејсбук.

На работната вечера вчера во Истанбул станало збор за взаемните пријателски односи меѓу двете држави исполнети со динамична соработка во повеќе области, информираше владината прес-служба.

Заев на средбата со Ердоган ја потенцирал, како што стои во соопштението од Владата, исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји и нагласениот интерес на турските компании да инвестираат во Македонија и да ги продлабочуваат деловните и трговски врски. Од турската страна било потенцирано дека Турција ќе продолжи да ја помага Македонија во борбата против пандемијата, со желба да се продлабочи соработката и во областа на здравството. (МИА)

Коронавирус