недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 26
home Вести

Туфегџиќ призна дека младите од државата си одат поради немање перспективност

Туфегџиќ призна дека младите од државата си одат поради немање перспективност

На Отвореното студио на 1ТВ пратеничката од редови на СДСМ, Ивана Туфегџиќ призна дека младите се повеќе се иселуваат до земјата не само поради економски причини туку и поради немање перспективност.

„Значи младите луѓе од овде меѓу другото не си одат само поради економски причини туку си одат и поради немање перспективност. А, перспективата им ја дава ЕУ, како систем кој што го замислуваат земјите членки како вие сте во клубот на големите, развиените земји. Таму имате добра економија, јасни правила на игра, владеење на право нешто што е многу важно за функционирање и борба против корупција“, нагласи Туфегџиќ.

Туфегџиќ во емисијата додаде дека ако ЕУ ја затвори вратата за Македонија, младите уште повеќе ќе се иселат од државата.

Пратеничката Туфегџиќ заедно со Павле Богоевски за време на изборите ветуваа дека се ќе направат да се сопре иселувањето на младите, но откако дојдоа на власт ништо не сторија, напротив се зголеми иселувањето на младите луѓе од државата.

„Нашата цел е младите да бидат сами свои газди, нашата цел е младите да останат да живеат и да работат во Република Македонија“, има ветено Туфегџиќ на 26.11.2016 година, но за жал од тоа ништо не се реализира до сега.

Освен таа што ветуваше, ветуваа и други од СДСМ, Заев, Шекеринска, Богоев.

„Проектот гаранција за млади ќе значи дека државата ќе им гарантира на сите млади граѓани во Македонија, дека веднаш во завршувањето на образованието, во рок од 4 месеци или ќе може да го продолжи образованието, или ќе добие понуда за работа, или да добие можност за практика, обука или тренинг, со кои што ќе се прилагоди на потребите на некое работно место кое што е на располагање“, пред изборите ветуваше Шекеринска.

„Државата ќе гарантира на младиот човек дека по завршувањето на образованието, ќе добие три опции. Државата да му гарантира вработување, државата да му гарантира праска или дополнително дообучување, во вид на изучување странски јазик или компјутерски вештини. И трета опција државата да му помогне на младиот човек да продолжи со образование. Со крајна цел државата да гарантира дека младиот човек по завршување на образованието нема да седи невработен дома“, ветуваше и Стефан Богоев.