недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

ТРУЕЊЕ ВО ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО КУМАНОВО – триесетина деца побарале лекарска помош, еве ги деталите

ТРУЕЊЕ ВО ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО КУМАНОВО – триесетина деца побарале лекарска помош, еве ги деталите

Околу триесетина деца згрижени во кумановска градинка, викендов биле прегледани и побарале помош во болницата и се жалеле на грчеви во стомак, болки, дијареја, потврдија денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Три од нив болнички се лекуваат, останатите по пружената терапија се пуштени на домашно лекување. Дел од родителите ги однеле децата и во Скопје.

Од кумановската градинка потврдуваат дека во моментов кај нив се инспектори од Државниот санитарен здравствен инспекторат, од Агенцијата за храна и ветеринарство и епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

Од градинката, од инспекторатот и од агенцијата, епидемиолошката служба најавија информации во текот на денот.

Од државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат дека од утринава е почнат вонреден инспекциски надзор. Инспекторите се на терен со екипа на Центарот за јавно здравје Куманово. Надлежните ќе земат брисеви од повеќе површини од објектите, за да се утврди дали изворот на заразата е во градинката.

Инаку КУРИР побара став и од општина Куманово под чија надлежност се сите градинки, вклучувајќи ја и оваа, но засега немаме добиено одговор.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија