среда, 23. септември 2020. Вести денес: 135
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Вести

Трудниците бараат Владата да им го продолжи трудничкото отсуство поради коронавирусот

Трудниците бараат Владата да им го продолжи трудничкото отсуство поради коронавирусот

На Фејсбук група од неколку стотина членови, „Мајки на трудничко“, основана за сите мајки на кои им истекува породилното отсуство, бара продолжение на отсуството. Велат дека  поради настанатата ситуација со коронавирусот не се во можност да ги остават нивните бебиња и да тргнат на работа.

Групата упатува барање до Владата на Македонија:

„Со оглед на сериозноста на пандемијата која го зафати светот, а и нашата земја, во услови кога градинките не работат, а и ризично е воопшто мајка која оди секојдневно на работа во работното време да се грижи за мало бебе, повикуваме на разбирање за нивната ситуација.“

Мајки кои се уште се во породилно отсуство, а кое треба да заврши во ден на вонредна состојба, во услови кога голем број работодавачи не дозволуваат користење годишен одмор, а боледувањето не е трајно решение, бараат од Владата да им се продолжи породилното отсуство додека трае вонредната состојба, односно негово времетраење од барем 12 месеци.

Најнови вести

Коронавирус