среда, 2. декември 2020. Вести денес: 54
home Вести

Трпевски: Ме приведоа за да ме заплашат, никакви закани и притисоци нема да го сменат моето мислење за предавничкиот договор

Трпевски: Ме приведоа за да ме заплашат, никакви закани и притисоци нема да го сменат моето мислење за предавничкиот договор

Браќа и сестри притисоците на власта против нас кои сме противници на предавничкиот договор за промена на името не престануваат! Завчера утрото околу 5:30 часот полиција со налог од судството под контрола на власта упадна во мојот дом! Тие ловеа вештерки, бараа оружје, наркотици и не знам што! На дел од самите полицајци што го вршеа претресот им беше јасно дека немам ништо од тоа што бараа! Тие пронајдоа два испукани патрони (чаури) од ловна пушка што ги чувам како сувенири од мојата свадба пред 17 (СЕДУМНАЕСЕТ) години и еден неиспукан патрон исто од ловна пушка кој останал од тогаш дома за кој не се ни сеќавам дека сум го имал. Нејсе, по тој основ бев лишен од слобода а потоа и задржан, при што ги поминав повеќето полициски станици низ Скопје со земање отисоци, днк, сликање и се како што е нивната практика, за на крај во последните два часа да ми се разјасни циркузот! Целото испрашување/заплашување беше за протестите што поминаа и што следат, за навивачките групи, за ланскиот снег и за снегот што следи, ама ништо за моите сувенири  Пораката ви е сфатена, но за ваша жал не ви поминува, никакви притисоци, закани и заплашувања нема да го сменат моето мислење за предавничкиот договор од Преспа!

Сакам да напоменам дека најголемиот дел од полициските припадници беа максимално коректни и професионални, сем тој или тие што во мојот дом влегоа со измет (гомна) на чизмите, излезени како од кочина и влезени во мојот дом! Затоа и не се обратив во текот на вчерашниот ден, бев приморан да чистам гомна и да го средувам хаосот што го носи секој претрес!

Коронавирус