петок, 25. септември 2020. Вести денес: 62
home Вести

Трпчески: Кога ќе ме прашаше татко ми „Што си ти, Симонче?“, велев „Јас сум Македонец и комита“ (ВИДЕО)

Трпчески: Кога ќе ме прашаше татко ми „Што си ти, Симонче?“, велев „Јас сум Македонец и комита“ (ВИДЕО)

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ го „бетонира“ својот македонски национален идентитет.

„Јас знам дека десет поколенија наназад сум Македонец. Знам дека едниот дедо ми бил заробен зошто се борел за Македонија, од другата страна прадедото ми бил основач на одредени комитски чети. Знам дека татко ми во време на Југославија кога ќе ме прашаше како дете: ‘Што си ти, Симонче?’, одговарав ‘Јас сум Македонец и комита’. Тој велеше: ‘Да, јас сум Југословен, но јас сакам прво да знам дека јас сум Македонец’. И јас не разбирам што има лошо во тоа. Јас утре може да земам пасош од Бурунди, но нема да се плашам да кажам дека јас сум Македонец, дека имам македонско потекло. Јас знам што сум. Мојот корен си го знам. Ќе ми биде уште попријатно да знам дека сите граѓани во државата го зборуваат македонскиот јазик, дека македонското знаме е поставено на територијата на цела Македонија“, рече Трпчески.

 

„ЗАСПИЈ АКО МОЖЕШ“ со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ

Posted by Alfa Televizija on Monday, September 14, 2020

Коронавирус