вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 144
home Вести

Трошки за антикризни мерки за граѓаните и фирмите, ама за партиски вработувања има пари

Трошки за антикризни мерки за граѓаните и фирмите, ама за партиски вработувања има пари

Нов ден, нов оглас. Забрзано се полни државната администрација со партиски кадри и покрај изјавите на премиерот Зоран Заев дека ќе се намалува а на тој начин ќе се заштедат средства за непродуктивни трошоци.

Имено, овој пат станува збор за вработувања во три институции под надлежност на Министерството за правда а се бараат дури 16 државни службеници на различни позиции.

На првиот оглас објавен од Министерството за правда се бара помлад соработник за инспекциски надзор во Инспекторатот за употреба на јазиците, а нето платата е 22.020 денари.

На вториот оглас објавен од страна на Министерството за правда, поточно во Управата за водење на матичната книга се вработуваат дури 5 државни службеници и тоа еден советник во подрачна канцеларија на одделение за матично работење,соработник за контрола на буџетското работење, соработник за коордниација и следење на реализација на јавни набавки, помлад соработник во подрачно одделение за матично работење поддрачно одделение за матично работење Тетово, како и помлад соработник за одржување на ИТ мрежа. Платата е во зависност од позицијата, односно најниската е 22.026 денари, додека пак највисоката е 26.257 денари.

Третиот оглас е во Управата за водење на матични книги каде што се бараат дури 10 државни службеници од внатрешноста, а според огласот Управата има потреба од од самостојни и помлади референти.

Она што е скоро исто за сите три огласи е што јасно се гледа дека кандидатите се веќе претходно избрани, а објавувањето на огласот е само формално правен чин ако се земе во предвид дека како напомена на истиот стои дека за ова работно место се бараат Турчин/ка, Албанец/ка но и според условите кои се потребни за исполнување за конкурирање на истиот.

Се чини дека ниту економската криза не е доволно причина власта на СДСМ и премиерот Заев да запрат со полнењето на институциите со партиски кадри и послушници.

Локални избори 2021