четврток, 6. август 2020. Вести денес: 7
home Вести

Тројца скопјани и по еден граѓанин на Куманово и Струга починаа од коронавирус

Тројца скопјани и по еден граѓанин на Куманово и Струга починаа од коронавирус

Во последниве 24 часа од коронавирус починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем.

Во ОБ Струга е починат пациент на 86 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579.

Коронавирус