вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 70
home Вести

Тројца Македонци истрчаа маратон околу Мон Блан за 35 часа

Тројца Македонци истрчаа маратон околу Мон Блан за 35 часа

Тројца од петорицата Македонци кои учествуваа на неофицијалното Светско првенство во ултрамаратон на трката околу Мон Блан стигнаа на целта по цели 35 часа и 37 минути на позициите 357-359.

Жикица Ивановски, Игор Пирковски и Игор Јовановски стигнаа до целта и комплетираа невиден спортски подвиг.  Двајца наши натпреварувачи не ја завршија оваа неверојатно тешка трка од 171 километар. Александар Симјаноски морал да се откажи по 92 километри поради проблеми со стомакот, а Никола Цицоски не успеал да го фати лимитот на 80 километри, но секако мора и на двајцата да им се честита за храброста да се натпреваруваат на една ваква трка.

Должината на ултрамаратонот и не е најголемиот проблем за натпреварувачите, туку постојаната висинска разлика на Мон Блан и температурната разлика, бидејќи на одредени делови од патеката таа достигнува и до -10 целзиусови степени. 15-тото издание на трката „Ултра Треил ду Мон Блан“ стартуваше во петокот во 18 часот, а учество земаа дури 2.400 натпреварувачи од целиот свет.

Коронавирус