понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 53
home Вести

Трипуновски: Земјоделците се клекнати на колена, нема ниту еден сегмент во земјоделскиот сектор кој што има напредок

Трипуновски: Земјоделците се клекнати на колена, нема ниту еден сегмент во земјоделскиот сектор кој што има напредок

Денес се наоѓаме во општина Ново Село, согласно активностите на ВМРО-ДПМНЕ, посета на неколку населени места во општина Ново Село. Она што можам да го потенцирам од оваа посета е дека граѓаните се тотално разочарани од криминалната власт на Зоран Заев во секој сектор на општеството, дали станува збор за здравството, дали станува збор за економските политики, дали станува збор за националните интереси, дали станува збор за земјоделството како сектор којшто е најзастапен во ова место, можеме да констатираме дека во ниеден сегмент нема движење во позитивна насока, изјави денеска Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:

„Гледаме дека во Ново Село локалната власт ја интересира само луксус и користење на поволностите кои ги дава оваа институција, гледаме дека ги интересира купување нови возила изложба на административна зграда, додека пак потребите на граѓаните кои го дадоа својот глас за избор на градоначалник останаа само на едно големо ветување. Нема инфраструктура, нема задоволување на основните потреби на граѓаните, нема нови канализациони ситеми, нема нови училишта, нема нови улици, едноставно локалната власт ја интересира само користење на поволностите. Исто така мора да се потенцира дека граѓаните можат да направат споредба дека денешната локална самоуправа ја интересираат само шверц, манипулации, местење на тендери и искористување на народните пари за сопствени потреби. Тоа е една карактеристика за Зоран Заев и неговата група којашто е околу него.“

-Се наоѓаме во земјоделски крај каде што во разговор со луѓето се присетивме дека изминатата 2018 година, меѓутоа и овие две години додека СДСМ е на власт имаме тотален колапс на земјоделството. Земјоделците се клекнати на колена. Минатата година немаше ниту еден сегмент во земјоделскиот сектор којшто имаше напредок. Напротив, имаше протести, имаше фрлање на плодот по улиците, по каналите, по буништата. Едноставно, министерството и Зоран Заев коишто ветуваа живот за земјоделците, не направија ништо. Граѓаните можат да направат споредба што значеше владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и што значи владеењето на СДСМ. Овде живеат чесни луѓе, коишто си ја сакаат Република Македонија, коишто можат да направат разлика пред и потоа. Овде има чесни луѓе коишто заслужуваат локална самоуправа којашто ќе работи за задоволување на нивните потреби, потенцираше Трипуновски.

„Наредниов период ќе се случуваат два изборни процеси во Ново Село, еден е за локална самоуправа избор на градоначалник, а вториот процес е избор на идниот Претседател на Република Македонија. Поддршката ја добиваме и е неминовна и е огромна од жителите на ова населено место. Тие сакаат да стават крај на криминалното владеење на Зоран Заев и локалната самоуправа во општина Ново Село, затоа што Ново Село заслужува подобри услови за живот. Ново Село заслужува нови улици, нови градинки, нови училишта, нови канализациони системи, нова инфраструктура и подобар живот за сите граѓани. Овој револт којшто го имаат кон владеењето на Зоран Заев и неговата криминално непотистичка структура, ќе доживее крах на наредните избори коишто не очекуваат наредниот период. ВМРО-ДПМНЕ има кадровски потенцијал којшто ќе одговори на барањата и очекувањата на жителите на општина Ново Село, меѓутоа и во цела република Македонија. Сакаме да порачаме дека ВМРО-ДПМНЕ со своите кадровски способности во наредниов период ќе понуди многу решенија за подобар живот во општина Ново Село, за подобри услови за да ги вратиме луѓето повторно да живеат во општина Ново Село.“, подвлече тој.

Трипуновски порача дека ќе продолжида разговараме и понатаму директно со граѓаните.

-ВМРО-ДПМНЕ била народна партија, така и ќе остане. Нашиот легитимитет, нашата сила, нашата енергија, нашата визија за подобра Македонија, за подобро Ново Село ја црпеме директно од нашите контакти со граѓаните. Во сите населени места согласно и агендите коишто ги имаме како партија, наредниов период ќе ги посетиме сите населени места, сите села, сите градови. Така беше и во минатото, така и ќе продолжи и во наредниот период. ВМРО-ДПМНЕ дали е на власт или е во опозиција е секогаш достапна за сите граѓани, бидејќи граѓаните знаат најдобро како е да се соработува со ВМРО-ДПМНЕ за да се донесат правилни решенија, за да се донесат правилни проекти коишто ќе значат подобри услови за живот, подвлече Цветан Трипуновски.