четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 131
home Вести

Трипуновски: Заради Заев и лошите политики во земјоделството тутунот ќе остане неоткупен, егзистенцијата на илјадници семејства на конец

Трипуновски: Заради Заев и лошите политики во земјоделството тутунот ќе остане неоткупен, егзистенцијата на илјадници семејства на конец

Заради Заев и неговите лоши политики во земјоделството, 7 милиони килограми тутун ќе останат неоткупени, а со тоа егзистенцијата на илјадници семејства виси на конец. Хибридниот режим удира врз секоја една гранка на економијата, ова денеска преку прес-конференција го истакна Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Изминатиов период алармиравме дека со дозволата за увоз на тутун ќе се наруши домашниот биланс и дека ќе се јават проблеми при откупот. Но надменоста на СДСМ не дозволи да не послушаат и за личен профит ја загрозија егзистенцијата на илјадници семејства во Република Македонија. Низ сите тутунарски региони во државата има пријавено некаде над 7 милиони килограми недоговорен тутун, за кој директна вина носи владата на СДСМ и МЗШВ, бидејќи замижаа кога им се намалуваа договорите на тутунарите. Со оваа динамика на откуп најголем дел од тутунот ќе остане неоткупен. Дополнителен проблем за тутунарите е тоа што тутунот го предадоа по историски најниски цени. А оној што ќе остане, во огромен дел нема да можат ниту да го продадат, вели Трипуновски.

Тој додава дека има уште половина месец до крајот на откупниот период, а оваа количина ќе остане неоткупена. Власта не им помага на тутунарите, цело време ги лаже и не успеа ниту да се договори со откупивачите, барем да им обезбедат амбалажа за вишокот на тутун, а не пак да се покачи откупната цена како што изминатиот период им ветуваа на тутунарите.

-Хибридниот режим на СДСМ  уште еднаш го одби нашиот предлог за зголемување на субвенцијата за предаден килограм, затоа што не сака решение, и не сака да им помогне на тутунарите, туку само работи за својот и бизнис интересот на луѓето блиски до нив. Апелирам уште еднаш, да престане да се користи земјоделството како монета за поткусурување и профити за неколку играчи блиски до врвот на власта. Внимавајте што правите, на пат сте целосно да го уништите земјоделството во Република Македонија, додава Трипуновски.

ЕУРО 2020

Македонија