среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Трипуновски: Заев пред три години од ова место ветуваше брда и планини, а сега лаже и манипулира со трудот и маката на македонскиот земјоделец

Трипуновски: Заев пред три години од ова место ветуваше брда и планини, а сега лаже и манипулира со трудот и маката на македонскиот земјоделец

Денеска сум овдека на протестот кој што го организира здружението  на лозари и овоштари од Тиквешкиот регион на нивна поддршка бидејќи си ги бараат правата кои што ги заслужуваат, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Само за потсетување, Зоран Заев од ова место пред три ипол години ветуваше дека ќе има сигурен пласман, поголеми и високи откупни цени и загарантиран пласман за сите земјоделски производи. Гледаме дека овие три години Зоран Заев само лаже и манипулира со трудот и маката на македонскиот земјоделец. Денеска овдека без срам и перде и чист образ, се појавува министерот да ги убедува земјоделците, оној министер и претходен министер Николовски кој што три години ги манипулираат и секојдневно им вршат притисоци на земјоделците затоа што си ги бараат своите права. Ветуваа пласман, нема ништо од тоа. Ветуваа сигурни и повисоки откупни цени, нема ништо од тоа. Денеска сме овдека на овој протест да дадеме поддршка  на македонскиот земјоделец, на земјоделецот којшто ја храни Македонија, а не на криминалната влада на Зоран Заев кои работат само за сопствени интереси, потенцира Трипуновски.

Тој додава дека секојдневно гледаме на пропустите коишто ги прави оваа влада, поготово во секторот земјоделие.

-Јас ќе останам овдека до последно со македонските земјоделци затоа што тие се столбот на македонската економија и државност и нема да попуштиме, си го бараме она што го ветуваа. Зоран Заев ветуваше брда и планини, нема ништо сега. Сега уживаат во климатизирани канцеларии, а денеска ги нема тука нигде, рече Трипуновски.