вторник, 3. август 2021. Вести денес: 167
home Вести

Трипуновски: За сите земјоделци доаѓаат подобри времиња и тоа по 15 јули

Трипуновски: За сите земјоделци доаѓаат подобри времиња и тоа по 15 јули

Денеска сум во штипскиот регион на посета и средба со земјоделците. Моментално се наоѓаме во населеното место Чардаклија. Пред малку имав средба со сточарите од овој регион разговараме за сите актуелни проблеми кои се случуваат во изминативе 3 години и дојдовме на посета на фармата на фармерот Трајче каде што навистина морам да потенцирам дека затекнавме страшна слика односно тоа е фармер кој пред извесно време имал 50 крави , а денес заради несериозниот однос на власта има едвај 10 крави односно стадото го има продадено, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски.

-Она што сакам да го потенцирам и да го пренесам тоа што земјоделците ми го кажаа дека во иминатите 3 години буквално се заборавени од централната власт затоа што нема ниту инвестиции во делот на водоснабдувањето ниту има сериозен однос во исплата на субвенциите за сточарското производсто, за преработка и продадено малеко. Едноставно се оставени сами на себе да се снаоѓаат во овој период. за мене премногу жалосно е што фармери ширум Македонија да згаснуваат во државата затоа што моменталната власт на Зоран Заев освен криминал и корупција и користење државата за проивилегии земјоделците ги остава на страна. Исто им ветив на земјоделците од ова населено место дека доаѓаат подобри времиња за земјоделците во Република Македонија и за ова населено место. Една од работите кои ги ветивме е поврзување на населеното место Чардаклија со системот за снабдување со техничака вода тоа е нужна потреба за ова населено место и тоа ќе го исполниме после 15 јули односно со формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и проф. Д-р Христијан Мицкоски како иден премиер. Ветивме сериозен пристап кон сите категории земјоделци затоа што оние 1000 проекти кои ги имаме во програмата која ја нудиме во овој предизборен период ќе значат навистина подобрување на животот во селските средини. нашата програма и тоа што го предвидивем накратко едно од носечките столбови ќе биде инвестиции во водостопанството. затоа што не можеме за рентабилно производство неможеме да збориме за земјодеско производство ако полињата ни останат суви. знаеме дека изминативе 3 години една шајка не е закована а системите за снабдување речните корита, акумулациите нема никаква инвестиција. Наш фокус ќе биде во делот на водостопанството инвестици во тој дел меѓутоа и со сериозна и навремена исплата на субвенциите кои ги имаме зацртани како шума од 160 мил евра на годишно ниво, потенцира Трипуновски.

Тој додава дека сакам да кажам со една реченица она што значи потценување на македоскиот земјоделец и газење на неговиот труд да бидат минато затоа што имаме сериозен пристап кон земјоделците и тие секогаш биле и ќе останат наш приоритет во делот на функционирањето после 15 јули. Свесни сме дека земјоделствот е една од носечките гранки во нашата економија и нема да дозволиме ваквите фармери како Трајче во иднина да го распродаваат своето стадо затоа што немаат пласман на своите производи. Во разговорот со земјоделецот ме информираше дека последната инвестиција која што ја добил од државата е во 2010 година во системот за молзење одтокаш наваму е оставен сам да се снаоѓа со сите проблеми, затоа уште еднаш упатувам до сите земјоделци во штипскиот регион дека доаѓаат подобри времиња сосериозен однос и сериозен пристап кон сите земјоделци во Република Македонија, вели Трипуновски.

Денеска сум во штипскиот регион на посета и средба со земјоделците моментално се наоѓаме во населеното место…

Posted by Цветан Трипуновски on Sunday, June 28, 2020

Коронавирус