четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 37
home Вести

Трипуновски за КУРИР: Ќе останеме рамо до рамо со земјоделците

Трипуновски за КУРИР: Ќе останеме рамо до рамо со земјоделците

-Како ВМРО-ДПМНЕ, како во минатото така и сега даваме целосна поддршка на земјоделците. Денеска гледаме тука напатени и мачни души од цела Македонија. Видовме јаболкари, оризари, млекари, сточари кои дојдоа да излезат на протест. Ние сме биле секогаш со земјоделците и кога било добро и кога било лошо. Меѓутоа она што сме сведоци изминативе две и пол, три години откако Зоран Заев е на власт гледаме дека земјоделецот е донесен на питачки стап, изјави за КУРИР членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски кој даде поддршка на денешниот протест на земјоделците.

Трипуновски потенцираше дека гледаме иселување и празни села, гледаме необработени ниви, затоа како партија даваме поддршка на овие напатени земјоделски души, затоа што они заслужуваат да им се вреднува нивниот труд, нивната мака, а производот да биде продаден што ќе значи егзистенција на нивните семејства.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ коишто сме сведоци на репресиите кои ги прави оваа власт врз земјоделците, ќе останеме рамо до рамо со нив до последниот ден додека Зоран Заев не замине од Илинденска број 2. Затоа што земјоделците заслужуваат подобро утро, затоа што на земјоделците треба да им се вреднува нивниот труд, а тоа ќе го добијат кога ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада, подвлече Цветан Трипуновски.

Коронавирус