вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 49
home Вести

Трипуновски: Вршите политички реваншизам врз вработените и ги преместувате од еден во друг град, ќе дојде ден тоа изживување ќе заврши

Трипуновски: Вршите политички реваншизам врз вработените и ги преместувате од еден во друг град, ќе дојде ден тоа изживување ќе заврши

Цветан Трипуновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на ТВ Телма изјави дека Министерството за земјоделство врши политички реваншизам врз вработените преместувајќи ги од еден град во друг град се со цел да врши притисок самите да се откажат од работа.

Вработениот од Скопје го носите во Велес, тој од Велес го носите од Неготино, тој од Неготино го носите во Кавадарци , тој од Кавадарци го носите во Прилеп, правите трошок на државата непотребен, вели Трипуновски.

Трипуновски истакна дека и тој бил избркан од министерството за земјоделство само поради тоа што на прес конференции давани надвор од работното место и време барал од министерството да даде дополнителна мерка за сливарите, прашувајќи како тогашниот министер за земјоделие Љупчо Николовски не го нарушил угледот на институцијата а си купувал брендирана гардероба и директно плаќал луксузни патувања од државни пари.

Ме избркавте од работа затоа што надвор од работно место, надвор од работно време сум го нарушил угледот на институцијата затоа што од вас барав дополнителна мерка за сливарите, тоа беше нарушен углед. Па замислете кој беше парадоксот јас сум го нарушил угледот со тоа што сум барал право на земјоделците, а Љупчо Николовски шетајќи на државен трошок, купувајќи брендирана гардероба тој не го нарушил угледот. Е тоа е парадоксот, тоа говори за вас како ја практикувате власта, нагласи Трипуновски.