недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Трипуновски: Вработени во АХВ се вратиле од Италија и без преглед секојдневно одат на работа

Трипуновски: Вработени во АХВ се вратиле од Италија и без преглед секојдневно одат на работа

Власта нема никаква контрола кој влегува, а кој излегува од државата. Не се прават лекарски прегледи и тестови за Корона вирус на луѓето дојдено од критичните подрачја. Според информации до кои дојдов тројца вработени во АХВ, од кои двајца административци и еден раководител на инспекциско одделение, пред две седмици се вратиле од студиска посета на Италија. На истите не им е направен лекарски преглед, ниту тест за Корона вирус, пишува техничкиот министер за земјоделство Цветан Трипуновски.

Вработените во АХВ според информациите кои дојдоа до нас во Италија престојувале околу една работна недела. На работа се вратиле на 24 февруари и оттогаш до сега секојдневно одат на работа и се во контакт како со вработените во АХВ така и со вработени во други институции.

Голем број вработени во АХВ реагираат зошто им се дозволува да доаѓаат на работа без да им се изврши лекарски преглед, но Зоран Атанасов не презема ништо.

Очекувам одговори од Зоран Атанасов, како е дозволено ова? Дали се работи за класично незнаење или за свесно ширење вирус? Одговорност за ова мора да има.

Коронавирус